Модерна кујна и арт фуд. Волшебна магија на Chef Филип Митевски

Во пресрет на празниците, објавуваме неколку рецепти на Chef Филип Митевски, вистинскиот волшебник, човек со магични идеи и вешти раце, се што ќе замисли, да „пренесе“ на чинија.


МАКАРОНС
Потребно е: 205 грама шеќер во прав, 190 грама бадемово брашно, 144 грама белки, 60 грама вода и 190 грама шеќер.
Брашното, шеќерот и половина од белките се мешаат заедно, се дури да добиете убава смеса, потоа го покривате тестото со фолија, додека преостанатите белки ги матите со миксер.


Претходно шеќерот, водата и бојата ги вриете до 118 степени, а кога шеќерот е на 110 степени, тогаш почнувате да ги матите и го додавате шербетот на 118 степени, полека, во белките и матите се дури не се излади.
Така цврстиот снег го мешате со друга смеса, додавајќи полека и откако ќе добиете убава смеса ја полните во шприц и на силиконска подлога за макаронс го шприцате во ограничениот круг.
Откако ќе ги спремите, ќе ги „исчукате“ убаво да излезат мали меурчиња, и ги ставате на собна температура 5 часа да се исушат, да добијат коричка и ги печете на 125 степени- 25 минути.


За полнење направив гранаж од 200 гр. бело чоколадо и 50 мл. слатка павлака, 40 грама сок од портокал, 40 грама пире од маракуја, 40 гр. путер.
Сите овие состојки ќе ги споите и промешате, се додека не се растопат и потоа смесата ја ставате во фрижидер 30 минути.


НОВОГОДИШНО ДРВЦЕ
Работно време околу 20 минути
Време на одмор околу 2 часа
Вкупно: 2 часа и 20 минути
За делови е потребно – 200 гр темно чоколадо, (над 70% од содржината треба да е какао), 3 јајца (s), 200 мл крем, 40 гр шеќер, 50 гр путер и 2 лажички зачин „lebkuchengewurz“ кој се се состои од цимет, анис, џинџифил, масис, кориандер, мускат и анасон.

Одделете ги јајцата, изматете ги жолчките и павлаката одделно, додека не се зацврсти. Стопете ги путерот и чоколадото внимателно во водена бања. Изматете ги жолчките во голем сад со 2 лажици топла вода, додека не станат кремасти, и промешајте во шеќерот додека смесата да биде лесна и кремаста.
Преклопете во растопеното чоколадо, а потоа веднаш додадете ги белките и кремот (не со електричен миксер!).


Разладете во фрижидер најмалку 2 часа. Но, не служете премногу ладно.
Гарнирајте со попрскано чоколадо.
Како што гледате, јас го гарнирав во форма на елка, покриена со делови од темперирано чоколадо.
Потоа, на ацетатна фолија правите парчиња по желба, оставете да се кристализираат и превете ја елката.

ПОЛНЕТА ГУСКА
Гуската се полни со кромид, јаболко и портокал, секако се зачинува со мешавина од зачини и се пече првин на пареа 100 степени околу 20 минути, потоа на температура од 135 степени околу 1 час и 15 минути .
Гуската се служи со црвена зелка и кнедли од компири во сос направен од самите коски на гуската.

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени

error: Content is protected !!