10.8 C
Skopje
недела, февруари 9, 2025
spot_img

Можете да се здебелите во деновите на пост

Нутриционистите им даваат голема предност на јадењата кои се подготвуваат и консумираат за време на постот. Изборот на јадењата може да е разновиден, и, доколку е правилен, е добар за организмот и за неговото чистење.
Постот ги исклучува продуктите од животинско потекло а поголем дел од ваквите прозводи се главен извор на белковини.
Традиционалното посно мени е здраво, подразбира намалено внесување на заситени масти во организмот, поврзани со холестеролот, опасен поради тоа што предизвикува таложење на ѕидовите на крвните садови.
Но, за време на постот може да дојде до преголемо внесување на калории во организмот затоа што доминираат јагленохидрати – тестенини, печива, леб, џем, мед). Доколку се претера со (посните) слатки и грицки, или ако тие ги заменуваат оброците, последицата е постојана глад, нервоза и здебелување.
Затоа потрудете се во текот на денот да внесете минимум 2,5 литри течности, сеедно дали е тоа вода или незасладени чаеви.
И, секој ден да се внесува оброк од мешунки (грашок, грав, леблебија, боранија, печурки) кои имаат низок гликемиски индекс, а даваат доволно енергија за бројни дневни активности. Од мешунките можат да се готват чорби, салати, пире, варива и мусаки.
Фото-Pixabay

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена