Велат дека музката е лек за многу работи и веруваме дека ќе се согласите. Дефинитивно музика ни е потребно за во овој тежок период низ кој сите поминуваме.
А, за добра музика се погрижија момците од „Feedback band“. По подолго време еден од најбараните бендови во нашата земја, ја објави својата нова песна.
„Далеку од тебе“ е насловот на нивната нова нумера, на која како автор се потпишува најдобриот тандем на овие простори – Лазар и Магдалена Цветковски.
-Песната е готова уште во времето кога започна пандемијата со коронавирусот, но си рековме дека можеби е подобро да почекаме за некои помирни времиња, меѓутоа сфативме дека на луѓето добро ќе им дојде малку музика во овие денови на изолација и полициски час – велат момците од бендот и додаваат дека во нивната фиока има уште една готова песна, но дека таа ќе ја промовираат кога работите ќе се вратат во нормала.
За новата песна, момците снимија и видеоспот во кој се појавува преубавата Ана Мариа Јанковиќ, која пред неколку месеци потпиша договор за соработка со еден познат светски бренд за облека.
Режисер на видеото е Дарио Јанковиќ а истото е снимено на повеќе локации во Скопје и Демир Капија.