11.8 C
Skopje
петок, мај 23, 2025
spot_img

Моника Црнокрак, најфотогенична во свет: Јас сум среќна, мајка ми имаше повеќе трема од мене

Моника Црнокрак е најфотогеничната девојка на светот, титула која вчера ја освои на Интернационалниот избор за „Miss summer international 2018“, која се одржа во Кипар. Моника е позната како ќерка на Мики и Светле Црнокрак, сопственици на модното студио „Црнокрак’, кое ја има лиценцата за овој избор. Ова воедно и значи дека Моника продолжува по стапките на мајка и, која на времето учествуваше на многу домашни и интернационални натпревари и освојуваше титули.

-Пресреќна сум. Ова е мој прв избор и прва титула. Горда сум дека ја претставував Македонија и веднаш се закитив со титула. Се беше супер. Јас немав трема или многу малку, но многу трема имаше мајка ми. Ова е само почеток, бидејќи ќе продолжам да ја претставувам државата и на други интернационални избори, ни рече Моника.

На овој избор победи претставничката на Молдавија, прва придружничка е убавицата од Белорусија а втора од Португалија.

 

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена