А -Авијатичар, секогаш ме потсетува на „Бушава азбука“
Б – Благоја, Баге. Мојот брат.
В – Врата. Кога една се затвора, нова се отвора.
Г – Гордост. Горделивост…
Д – Добрина. Нешто што малкумина поседуваат денеска.
Ѓ – Ѓезве. Затоа што брз турско кафе не се будам.
Е – Езеро. Нашите езера.
Ж – Живот. Еден и единствен и треба да го живееме како што ние сакаме.
З – Зора. Периодот пред да изгрее сонцето.
Ѕ – Ѕвонче. Ме навраќа на училишните денови.
И – Исток. Источна култура…
Ј – Јаболко, моето омилено овошје, а исто и на ќерка ми.
К – Кирилица. Нашата азбука
Л – Лана Марија. Мојата најголема љубов. Моето се.
Љ – Љубов. Можеби е клише, ама „љ“ секогаш е за љубов.
М – Мајка. Нема замена за неа.
Н – Невистина. На лагата кратки и се нозете.
Њ – Њутнов закон. Од сон да ме разбудиш ова ќе го кажам.
О – Образ. Чист образ е многу важно нешто.
П – Пријатели. Без нив животот е празен.
Р – Реалност. Се обидувам секогаш да бидам реална.
С – Сонце. Изворот на животот.
Т – Татко. „Т“секогаш ќе биде за мојот тато Иле и за Гордан, таткото на мојата Лана.
Ќ – Ќебап. 10-ка со кромид
У – Убавина. Пред убавината и боговите молчат.
Ф – Фантазија. Мора постојано да фантазираме, нели?
Х – Хулахоп. Дома сега тоа ни е актуелно.
Ц – Цвеќе. Обожувам цвеќиња.
Ч – Човек. Да се биде човек, да се остане човек…
Џ – Џем. Од сливи.
Ш – Шпанија. Една убава топла земја.
7дена.мк