5.8 C
Skopje
вторник, февруари 18, 2025
spot_img

Мојата кујна: Салата за разладување

Што правам кога ќе навтасаат жештини, вруќини, оморини? Мислам, го враќам филмот од пред половина година, а таму сликата не е весела: сиво е и грдо, во зима натежнува небото и уште попладне е ноќ. Да, тоа ми е редовна мантра да го освестам моментот- сега и тука, да се радувам дека е ден и тоа дооооолг, дека е светло, полно со оптимизам и со понекоја желба.
И во еден таков сончев делник, се јаде нешто оптимистично, лесно и отрезнувачки: салата за разладување.
Постапката е крајно едноставна и лесна. Печам тиквички, во рерна-исечени на тркалца, посолени и накапнати со понекоја ронка маслиново масло. Потоа, булгур, здробена пченица, вкусна и здрава житарка, која веќе се топи неколку часа (не ја варам а може и тоа) ја цедам и ја ронам помеѓу прсти.
Ми треба уште домат и босилек. Сечкам и се радувам на боите: црвено, зелено, бело, нијанси… Смесата ја мешам, внимателно да не се загуби формата, да биде лична.


Во финалето бирам убав сад, ја „сместувам“ салатата, корегирам понекое тркалце тиквичка и повторно наросувам со маслиново. Ах! Уживам во глетката, убавината ја овековечувам со фотка, а потоа ја сместувам во фрижидер, на ладење.
Пробајте, вкусите и на здравје нека ви е!


Текст и фото: Вања Тодоровска

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена