Мојата кујна. Сармички со блитва

– Зошто со блитва, повообичаено е сармичките да се со штавељ, или винова лоза?- ме прашува една другарка.
– Едноставно е, велам, – на безбеден терен си со блитва, листовите се поголеми, „покомотни“ и многу е полесно да се виткаат сарми.
Еве како јас правам сарми во „зелен костум“.
Првин одбирам неколку китки блитва, пожелно е да имаат убава светло зелена боја, така знам дека е млада и дека лесно ќе се витка.
Додека го правам филот- пропржувам младо кромитче, мелено месо, ориз, зачинувам.., ги потопувам листовите во млака, скоро топла вода, за да омекнат.
Вооружете се со трпение, и имајте ја поголемата слика пред себе. На пример, замислете ги готови.
Една по една, една по една, се додека не ги потрошите листовите. Ако се скине, или пукне, веднаш „лепете“ со нов лист блитва.

Заборавив да спомнам дека е умно тенџерето да се обложи со блитва, а се става и најодозгора, над сармите. Потоа, внимателно се става вода, истата во која сте ја обариле блитвата, и сето тоа оди во рерна, на запекување.
Овој ручек е идеален за нежни пријателства: секое залче обложете го со некоја желба. Заеднички цели создаваат невидливи синџири што врзуваат.
Текст и фото: Вања Тодоровска

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени

error: Content is protected !!