5.8 C
Skopje
недела, февруари 16, 2025
spot_img

„Моја фарма“ на Никола Богдановски: Раце полни работа, срце полно љубов

Никола Богдановски, и покрај тоа што има 22 години со сериозноста со која им пристапува на обврските, делува многу повозрасно. Имено, тој во скопското село Кадино има, односно е сопственик на „Моја Фарма“. Рај за животни, ама и за него, бидејќи сите жители на оваа фарма, чустувајќи ја љубовта, му возвраќаат на својот газда, на свој начин.

А на фармата има скоро се – свињи, кози, гуски, шатки, кокошки, зајчиња.., а Никола вели, не знае ниту самиот колку се на број… Си има тука ред и хиерархија: млекото од кози се користи за прехрана на теленца, тој им го знае табиетот на сите, а љубовта расте со делење: оваа ја наследил од дедо му, а ја пренесува на преслаткото петгодишно братче Богдан.

Животот на село, има многу предизвици и не е само егзотична фотографија што разнежнува, ама е преубав, особено кога растеш, созреваш и ја чувствуваш љубовта на тие животинчиња.
– Веќе одамна знам дека сите животни на мојата фарма, откако нема да ме видат неколку часа, навистина ми се радуваат откако ќе ме здогледаат. Ме поздравуваат на свој начин, секое на „својот јазик“, и тоа незаменливо чувство што ме прави среќен и задоволен. Така знам дека сум на вистинскиот пат.“

Младиот Никола е добар пример за успешноста: треба да се засукаат ракавите, животните треба да се наранат, да им се обезбедат добри услови за живот, понекое и ќе се разболии, но сето тоа е „ништо“ во споредба со љубовта што тој ја добива од нив.
– Мојата порака е да се сакаат животните, тие возвраќаат, никогаш не изневеруваат. А најубаво од се е: кога се работи чесно, навистина се спие лесно, заврши Никола Богдановски.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена