11.8 C
Skopje
недела, април 27, 2025
spot_img

Мусака од печени пиперки

Потребно е: 13 пиперки, 5 јајца,  4 децилитри млеко, 2 главици кромид, 500 грама мешавина од  мелено месо, 500 грама печурки, 2 децилитри сок од домати, сушени зачини, сол, бибер, босилек, брашно, масло. За прелив: 2 децилитри кисела павлака, 2 јајца, малку млеко.

Ставете ги пиперките во тепсија и печете ги додека не бидат готови. Кога ќе  бидат готови, покријте ги со крпа и оставете ги да се оладат. Излупете ги и направете филети. Направете ја прво смесата како за палачинки од јајца, млеко и брашно, но да биде погусто.  На врело масло ставајте ги пиперките натопени во густата мешавина на палачинки. Ставете ги пржените филети на хартиени марами за да го упијат вишокот маснотија. За тоа време динстајте го меленото месо, додадете ги ситно сецканите печурки и по 15 минути  додадете го сокот од домати. Зачинете и оставете го малку да се динста. Намачкајте сад за печење и ставете ред поховани пиперки, ред од мешавината со месо и печурки. Направете мешавина од јајца, павлака и млеко и прелијте преку  мусаката. Ставете го да се пече на 200 степени додека не се зацрвени. Се слижи со зелена салата.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена