8.8 C
Skopje
вторник, април 22, 2025
spot_img

Мусака со модри патлиџани и сирење

Потребно е: неколку модри патлиџани, 300 г бело сирење, половина килограм домати, 2 чешниња лук, мајчина душичка и рузмарин, малку брашно, масло и сол.
Модрите патлиџани треба да се измијат, да се исечат на тркалца да се посолат и да се остават да постојат. Треба да се исцедат од сокот што го пуштиле, да се извалкаат во брашно и да се пржат на врело масло, од двете страни. Во замастениот сад се става излуштен и на тркала исечен домат, се посипува со изрендано сирење, се прекрива со пропржениот модар патлиџан, со исецканиот лук и со ливчињата од мајчина душичка и рузмарин и на крај се запекува во рерна.
Фото- Healthy recipes

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена