20.8 C
Skopje
недела, април 27, 2025
spot_img

Направете антиејџ леб и не мислете колку ќе изедете

Квалитетната и соодветна исхрана влијае на забавување на процесот на стареење, а овој леб, познат и како антиејџ-леб, би требало да биде основа на секој добар појадок!
Погрешната комбинација на храна, како и консумирање продукти кои не ни одговараат, во голема мера ни го скратуваат здравиот и убав изглед. „Кожата забрзано старее, се појавува целулит и масни наслаги. Доаѓа и до нарушување на метаболизмот, кое не мора да биде очигледно сe` до четириесеттите години на живот“, е изјавата на познатата докторка Ана Гифинг, која добар дел од својата кариера ја посвети на хроно-исхраната. Таа осмисли и рецепт за леб кој воодушевува со вкусот, но помага и во спречување на стареењето и одржување на килажата.

Антиејџ леб
Потребно е: 200 г брашно од хељда, 200 г интегрално пченично брашно, 100 г ржано брашно, сода бикарбона, 4 лажици маслиново масло, половина лажици ким, 1 лажица ленено семе, малку рузмарин, половина литар вода.
Подготовка: Измешајте ги состојките и оставете ги во текот на ноќта да ферментираат. Загрејте ја рерната на 250 степени, истурете ја смесата во сад за печење обложен со хартија за печење и печете помеѓу 30 минути и еден час. Времетраењето на печењето зависи од големината на садот – ако ставите во помала тепсија, лебот ќе биде подебел, па ќе му треба подолго време да се испече.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена