Нашата Ивана на модното шоу кај Рик Овенс во Венеција

После ревијата на Долче и Габана која се случи во Милано, вчера прекрасната Ивана Манас имаше ревија за американскиот моден дизајнер Рик Овенс во Венеција, каде имаше три аутфити.

Токму Овенс во една пост- апокалиптична атмосфера на самиот брег покрај морето ја представи својата нова колекција за претстојната Есен/Зима .
Инаку, Манас веќе се врати во Милано и повторно почнува со кастинзи и нови закажани проекти. Од нејзината матична агенција Моделс Ин Менаџмент рекоа дека будно го следат секој нов ангажман и очекуваат наскоро да ја видат во Парис или Њујорк.
И посакуваме многу среќа на Ивана: навистина ги прави вистинските чекори на модната сцена.

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени

error: Content is protected !!