Највкусни рецепти со тиквички

Супа од тиквички
Потребно е: 400 г тиквички, 2 дл млеко, 1 лажица маргарин, 1 лажица меко брашно, 1,5 лажица магдонос, кисела павлака, пакетче препечени лебни коцки, 8 дл вода, 1 лажица вегета.
Исчистените и иситнети тиквички ставете ги во сад, прелејте со 7 дл вода и оставете нека се варат околу 10 минути на тивок оган. Додадете го млекото и маргаринот и варете уште 5 мин, тргнете ги од оган и измиксирајте. Измешајте го брашното со малку вода и додадете го на супата, зачинете со вегета и павлака и оставете да се вари уште пет минути. Тргнете го од оган, додадете магдонос и послужете со препечени коцки леб.

Печени тиквички со кромид, мирудии и кикирики
Потребно е: 500 г тиквички, 1 кромид, 3 чешниња лук, црвена пиперка, 1 лажица бадеми или кикиритки, маслиново масло, зачини по желба.
На масло пропржете го исечканиот кромид и пиперкаta. Додадете ги кикириките a потоа продолжете да ги печете тиквичките во рерна загреана на 180 степени, околу 15 минути. Извадете ги и наредете ги на хартија за да се впие маснотијата, а потоа сервирајте.

Полнети тиквички

Потребно е: 2-3 главици кромид, 2-3 чешниња лук, 4-5 тиквички, 2 пилешки стека, црвен пипер, сол, црн пипер, пармезан, 2 дл кисела павлака.
На масло пропржете го исечканиот кромид, додадете го и сечканото лукче, а тиквичките исечете ги по должина и вдлабнете за да се добие облик на чамец, па издлабнатиот дел од тиквичките исечкајте го на коцки и додадете го во кромидот. Пилешкото месо сварете го, исечкајте го на коцки и додадете го во претходно подготвената смеса. Се` заедно динстајте додека не испари целата вода, додадете црвен пипер, посолете и ставете црн пипер. Наполнете ги тиквичките со оваа смеса, наредете ги во огноотпорен сад и пред печењето прелијте ги со пармезан. Кога тиквичките ќе бидат речиси печени, извадете ги од рерна, прелијте ги со кисела павлака и вратете ги уште малку во рерната да се запечат.

Ролат со тиквички
Потребно е – 2 поголеми тиквички, 2 домата, 100 г козјо сирење, 20 зелени маслинки, сусам, презла и масло.

Тиквичките исечени на долги ленти малку пропржете ги. Потоа врз секое парче редете сирење, домат, сечкани маслинки и виткајте во ролат. Секоја ролна извалкајте ја во презла и сусам, редете во сад а потоа ставете да се пече во загреана рерна, не повеќе од 10 минути.
Комбинирајте со павлака.

Фото: Pexels, Pixabay

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени

error: Content is protected !!