Македонска Филхармонија, под диригентската палка на Џијан Емин и американскиот диџеј Хуан Аткинс, ќе имаат несекојдневен спој на електронска и класична музика, на концертот во Античкиот театар во Охрид на 2. август, од 22.00 часот, беше кажано на денешната прес- конференција.
Тричасовниот музички сет на револуционерот во техно музиката, диџејот Хуан Аткинс заедно со еден од најзначајните музичари на македонската современа сцена, Џијан Емин и мајсторството на Македонската филхармонија, преку квалитетниот звук, визуелните, ласерски форми и артистичка игра на светла и бои, ќе понуди забава со исклучително доживување за сите сетила. Во текот на истата вечер забавата ќе продолжи со after сетот на диџеј Jeff Mills на Плажата Парк.
Организатори на настанот се Izlet Music, Music Incubator, Balance, Sektor 909, поддржани од музичката платформа NEULAND.

