Нега на лице во домашни услови

Нахранете го лицето од сопствената козметичка работилница, направете добар пилинг, исклучително важен само за вашиот тип на кожата, нахранете ја и однадвор и одвнатре.
Пилинг
Направете пилинг за лице во домашната работилница. Помешајте две лажици павлака со една лажица шеќер. Оваа мешавина нанесете ја на влажно лице и нежно тријте ја кожата со полукружни движења. Кожата ќе ви блесне, многу полесно ќе дише и ќе биде подготвена за следниот чекор.
Маска за брчки
Подгответе ја познатата маска против брчки од портокал и маслиново масло. Неа ја препорачуваат за блескав и младешки изглед.
Подготовка
Исцедете го портокалот а кората изрендајте ја. На тоа додадете две лажици маслиново масло. Смесата нанесете ја на лицето, вратот. Вишокот од смесата отстранете го со хартиено марамче.
Дејство
Маслиновото масло има сличен состав како и природното, што придонесува вашата кожа да стане мека и чиста. Оваа маска е подеднакво добра како за сува, така и за мрсна кожа. Портокалот содржи витамин Ц, што ја јакне влакнестата структура на кожата и го продуцира колагенот, додека киселоста од портокалот ја ослободува кожата од мртвите клетки и кожата ја прави нежна.

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени

error: Content is protected !!