10.8 C
Skopje
недела, февруари 9, 2025
spot_img

Недела на италијанската кујна. Леќа во црно вино и селен со супа од печени компири

Состојки:
200 гр леќа
1 шише црвено вино
400 гр компири
90 мл вода со мирис на тартуф
4 гр вербена
30 гр селен
150 гр ѓумбир

Постапка
Илзупените компири се сечат на резанки и се запечуваат во тава. Штом се готови се ставаат во високо тенџере полно со ладна вода и мраз и се ставаат на оган. Откако ќе зоврие водата, се остава да се вари уште 20/30 минути, а потоа добиената супа се поминува низ цедалка.
На супата и се додава вербената и водата од тартуф, се остава да отстои покриено со проѕирна фолија и потоа повторно се процедува.
Леќата се мие со ладна вода, се става на оган во високо тенџере заедно со водата и виното и се остава да се вари уште 20 минути, откако ќе почне да врие. Потоа се процедува леќата и се исфрла целата вода.
Леќата се пропржува во тава со малку црвено вино и сок од ѓумбир, се додава сол. Тавата се трга од оган и се додава малку ладно цедено маслиново масло.
Леќата се послужува со неколку капки блендиран селен а во псоебен сад се сервира супата од печен компир.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена