20.8 C
Skopje
сабота, април 19, 2025
spot_img

Недела на италијанската кујна. Ориз all’acqua

Состојки за 4 лица:
240 гр ориз
2 л вода
60 гр сушени капери во прав
35 гр цедрат
160 гр планински путер
160 гр Пармиџано Реџано
30 гр шеќер
15 гр гел од лимон
3 гр никулци од сончоглед

Постапка:
Цедратот се кандира така што се сече на мали коцки и се става под вакуум со вода и шеќер.
За гелот од лимон: лушпите од лимон се бланшираат 6 пати (секојпат се започнува со ладна вода), а потоа се блендираат заедно со сок од еден лимон.
Каперите се сушат така што се ставаат во плех и се печат во рерна на 180 степени час и половина, притоа отварајќи ја повремено рерната за да излезе влажноста. Штом ќе се исушат се мелат за да станат прав.

Во тава се пропржува оризот и потоа постепено се залева со зовриената вода додека се вари 11 минути. Штом е готов надвор од оган се завршува готвењето со додавање на путерот и пармезанот. Се остава неколку минути да стои, покриен со крпа.

Послужување:
Оризот се сервира во чинијата со помош на тркалезен калап, се поросува одозгора со капери во прав, се додаваат коцкичките кандиран цедрат и неколку капки гел од лимон и се декорира со никулци од сончоглед.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена