Потребно е, за 4 лица:
90 гр вода
150 гр бело брашно
30 гр брашно од ориз
100 гр gr сув шарен грав
1 гранче целер
1 морков
1 кромид
4 листа лорбер
5 зрна див бибер
100 ге чадена рикота
30 гр нане
80 гр листови коприва
1 гранче од дива артичока
12 листа од добричица, за декорација
сол
масло
Постапка
Гравот се остава да кисне во вода најмалку 12 часа, потоа водата се исцедува, а гравот се става во лонец со ладна вода и се остава да врие. Откако ќе зоврие, гравот се цеди, а тенџерето повторно се полни со ладна вода во која се става гравот, гранчето целер, морковот, кромидот, лорберот и биберот и повторно се зоврива. На крајот гравот се блендира и се поминува низ цедалка за да се добие хомогена крема.
Чадената рикота се ренда и се додава во кремата од грав.
Од брашното и водата се замесува еластично тесто и се остава да одмори 15 минути. Потоа се развлекува и од корите се прават равиоли кои се филуваат со кремата од грав.
500 мл вода се загрева до вриење, а потоа се трга од оган и во неа се става нането да стои 10 минути. Потоа водата се процедува. Во меѓувреме листовите коприва кратко се варат и потоа се ставаат во блендер заедно со една лажица масло и водата со вкус на нане и од тоа се добива супа. Се додава сол и бибер по желба.
Гранчето од дива артичока се сече на коцкички и многу кратко се зоврива.
Равиолите се варат во солена вода, се цедат и се ставаат во тава да се запечат од долната страна.
Послужување.
Во длабока чинија се ставаат во средина коцкичите од дива артичока, а околу нив се редат 5 равиоли. Сето се полева со супата. Се декорира со листови од добричица.