Нека ви биде ритуал за добро утро- Првото утринско кафе заменете го со секс

Утринскиот секс не само што ќе ви го разубави денот, туку позитивно ќе влијае и на вашето здравје. Сексот ја забрзува циркулацијата, го намалува крвниот притисок, ја ублажува главоболката, го јакне имунитетот, троши калории…

Подобрување на односот: Пред се сексот ги зближува луѓето. Бидејќи сексот го поправа расположението, замислете колку е убаво денот да се почне со позитивни вибрации. Освен тоа, од утро ќе имате убав спомен на кој ќе се сеќавате во текот на денот.

Намалена анксиозност: Ендорфин и други добри хормони  ги смируват мислите и го ублажуваат лачењето на кортизол, кој е лош хормон кој се лачи во стресни ситуации и е честа причина за одредени болести.

Подобра концентрација: Оргазмот го смалува нивото на кортизол, ги смирува мислите и ја подобрува концентрацијата. Сексот може да го има истото дејство како утринска медитација, само што со сексот ќе потрошите повеќе калории.

Забрзување на метаболизмот: Во текот ноќта метаболизмот се успорува и таков е уште некое време откако ќе се разбудите. Најдобар метод за утринско будење е умерена утринска гимнастика или утрински секс.

Извор: ljepota&zdravlje

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Оставете реплика

Вашата емаил адреса нема да биде објавена