5.8 C
Skopje
недела, февруари 16, 2025
spot_img

Нема да има фестивал, „Охрид фест“ ќе се снима

Во врска со новонастанатата состојба предизвикана со пожарот во ковид болницата во Тетово, „Охрид фест“ испрати соопштение до медиумите што го пренесуваме во целост.

Почитувани,
Советот на фестивалот „Охрид фест“, по трагедијата во Тетово им упатува најдлабоко сочувство на семејствата на починатите. Сочувствуваме со нивната болка.
Бидејќи фестивалот требаше да се одржи на 10 и 11 септември, се одлучивме истиот да се снима, без присуство на публика, без новинари и без доделување награди. Ќе се искористи само сцената на Долни Сарај, нема да има озвучување а по договор со МРТ, ќе се емитува по деновите на жалост.
Ова е единствено решение во овие тажни денови, бидејќи се пристигнати изведувачите од целиот Балкан.

Со почит
Советот на фестивалот „Охрид фест“

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена