Прво и основно правило е да дојдете навреме на работа, потоа да сте пријатни за околината и да можете „на раат“ да се напиете кафе, со што ќе му дадете добар тон на денот што е пред вас
Пристигнете навреме
Ова може да е очигледно за повеќето луѓе, но некои не сваќаат дека доцнењето не само што остава лош впечаток, туку, исто така, го деконцентрира целиот ден. „Доаѓањето навреме или малку порано му помага на вашиот начин на размислување за денот и помага да се промовира чувство на постигнување“, вели Лин Тејлор, национален експерт за работни места и автор на „Скротете го вашиот ужасен тиранин во канцеларијата“.
Земете длабок здив
„Буквално така“, вели Мајкл Кер, говорник за меѓународен бизнис, автор и претседател на „Хумор на работа“. Направете нешто за да се фокусирате на тука и сега. Многу луѓе доаѓаат на работа вознемирени бидејќи не оставаат доволно време дома да се справат со „домашните работи“, вели тој, „а потоа едвај преживуваат уште едно ужасно, стресно, редовно патување на работа, за потоа да се нурнат во лудилото.“ Забавувањето, правењето момент на пауза и создавањето рутина околу концентрирање на себе си, може да направи чуда, додава тој.
Направете пауза од пет минути
Дадете си пет минути за да се средите, вели Мајкл „Д-р Вуди“ Вудворд, лекар, организациски психолог. „Ова е добар начин да се даде тон на денот. Не дозволувајте да денгубите поради избезумени соработници, загубени во сопствената конфузија. „Не е невообичаено да се разбудите со долги заостанати е-пораки кои го повикуваат вашето внимание“, додава тој. „Предизвикот е да одвоите момент за себе пред да ја нурнете главата прво во вашиот ден.“
Средете го работниот простор
„Расчистувањето на бирото и создавање на уреден работен простор го поставуваат тонот за остатокот од денот“, вели Александра Левит, авторка на „10 бизнис митови во кои не можете да си дозволите“. Тоа може да помогне да се избегне забуната. „Исто така, за многумина е тешко да размислуваат јасно, лесно да заборават важни потсетници и едноставно е стресно ако чувствуваат дека водат битка, а торнадото од електронски пораки или хартија победува“, вели Тејлор. Идеално би било да расчистите се` што можете претходната од ноќ за да имате нов почеток уште пред да го вклучите компјутерот наутро. Во спротивно, осигурајте се дека расчистувањето на вашето биро има приоритет над нештата наутро.
Започнете го секој ден со чисто досие
Можеби ќе треба да присуствувате на проекти или дискусии кои се провлекуваат од претходното попладне – но обидете се секој ден да го третирате како нов, вели Дејвид Шиндлер, специјалист за вработување. „Оставете какви било глупости од вчера зад себе, искористете го она што се случува на почетокот на денот, бидете организирани и подготвени или ’фатете го денот’, ако е тоа потребно“, вели тој.
Немојте да бидете нерасположени
Обрнете внимание на вашето расположение и бидете свесни за неговиот ефект врз другите. „Првото и последното нешто во текот на денот е кога емоционалната интелигенција може да има најголемо влијание“, вели Шиндлер. Значи, ако не сте „утрински човек“, обидете се со додворување да имате позитивен став кога ќе пристигнете во канцеларија. Испијте втор или трет филџан кафе, ако тоа е она што е потребно.
Кер се согласува. „Во вашиот прв час на работа можете да го поставите вашиот ’барометар на ставот’ за остатокот од денот, така што од чисто емотивна гледна точка, мислам дека тоа е важен дел од денот. Еден утрински намќор може да го зарази целиот тим и да ги постави сите на погрешна основа“, вели тој.
Организирајте го денот
Првиот час од работниот ден е најдобро време да ги процените приоритетите и да се фокусирате на она што апсолутно треба да се постигне, вели Кер. „Премногу луѓе прво наутро се деконцентрираат со неважни активности, како што е нурнување право во нивните мочуришта од електронски пораки, кога можеби има цела низа поважни прашања кои треба да се сработат“. Направете листа на задолженија, или ажурирајте ја онаа што сте ја направиле претходниот ден, и обидете се да се држите до тоа. Меѓутоа, ако вашиот шеф има итна потреба, тогаш е во ред да се реорганизираат вашите приоритети во разумни граници, додава Тејлор.
„Исто така, утврдете го вашето максимално работно време и планирајте го вашиот распоред според тоа“, вели Анита Атриџ, тренер за кариера и извршни работи од клубот „Пет часот“. „Користете го вашето максимално работно време секое утро за да ги направите најважните задачи.“
Бидете присутни
Дури и ако не функционирате наутро, треба да бидете будни кога ќе стигнете на работа. Особено ако имате раководна позиција, од клучно значење е да бидете присутни, психички и физички и да комуницирате. „Една од најголемите поплаки во канцеларија што ги слушам од вработените е како нивниот претпоставен само им ’труби’ наутро, дури и без насмевка“, вели Кер. „Одвојувањето време за да се поврзете со членовите на вашиот тим е од суштинско значење и правењето навидум мали нешта – контакт со очите, насмевка, прашување како ја поминале ноќта и проверка за што можеби им треба помош – ви помага како раководител да го измерите пулсот на тимот и да дадете тон за сите вработени.“
Видете се со вашите колеги
„Брзо 5-10-минутно собирање на тимот, исто така, може да биде ефикасен начин за многу луѓе да го започнат својот ден“, вели Кер. Тоа нека биде кратка средба, без столчиња, секој нека ја сподели својата главна цел за денот и споделете ги сите клучни информации кои остатокот од тимот апсолутно треба да ги знае, вели тој. „Одржувањето средби им помага на луѓето да се фокусираат и уште поважно, го поврзува секого со тимот. А со јавно споделување на вашите цели за денот, шансите за нивно постигнување значително се зголемуваат.“
Не одвлекувајте го вниманието со вашето е-сандаче
Ова е тешко за повеќето луѓе, но експертите се согласуваат дека не треба да ја проверувате вашата електронска пошта прво нешто наутро. Ако го правите тоа, само прочитајте ги и одговорете на пораките кои се итни. „Направете приоритетно скенирање на вашето сандаче“, вели Тејлор. „Сите е-пораки не се подеднакви. Усовршете ја вашата способност за брза проверка и одговорете на тоа што мора да се одговори итно.“ Ќе остане време во текот на денот да се одговори на помалку итните e-пораки.
Зошто мора да се одложи проверката на електронската пошта? „За премногу луѓе, е-поштата и интернетот можат да бидат огромна загуба на време и одвлекување на вниманието, особено во утринските часови“, вели Кер.
Важни повици и итни електронски пораки
Ако знаете дека треба да стапите во контакт со некого тој ден, направете го повикот или испратете електронска порака како прво задолжение наутро. Ако чекате до пладне, има поголеми шанси да не добиете повратна информација пред да заминете од работа. „Нема ништо пофрустрирачки отколку да се обидувате да завршите нешто, а да немате пристап или одговори од луѓе кои ви се потребни бидејќи часовите во вашето работно време биле загубени на други работи“, вели Тејлор. „Ако вашите прашања се подготвени, а е-пораките се испратени рано, во почетните часови, до крајот на денот треба да го имате тоа што е потребно.“
Искористете ја бистрата глава
„Многу луѓе чувствуваат дека нивните мозоци функционираат најдобро во утринските часови и дека наутро тие се најкреативни и продуктивни“, вели Кер. „Размислете дали најдобро ја користите вашата интелигенција и планирајте ’високомозочни’ активности во утринските часови.“
Планирајте пауза сред утрото
„Тоа е времето да се оцени до каде сте и да одвоите време да се ревитализирате, така што ќе можете да ја одржувате вашата динамика“, смета Атриџ.