Не ги бакнувајте децата во уста

Слики на родители и блиски како ги  бакнуваат децата во уста, често предизвикуваат воздишки, но оваа бакнување може многу да им наштети на децата, алармираат стоматолози, цитирани од „Мирор“. Стоматолозите веруваат дека најзагрозените се деца кои сеуште имаат млечни заби.

Причината е дека флората во устата на бебињата не е подготвена да ги издржи бактериите во устата  на возрасните. Млечните заби се кревки, нивниот состав  не може да се спротивстави на таквите микроорганизми, кои се наоѓаат во устата на возрасните

Една од поопасните бактерии која е многу веројатно да падне во устата на детето со плунката на возрасниот е Streptococcus mutans, а млечните заби против оваа бактерија немаат скоро никакви механизми за отпор. Многу веројатно е исто да биде пренесена HSV 1. Оваа бактерија предизвикува херпес и може да испровоцира воспалителни процеси во грлото и носот на детето.

Извор: zdrave.to

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Оставете реплика

Вашата емаил адреса нема да биде објавена