По долги години борба со карцином, во 52 година почина Исидора Бјелица

По неколкугодишна борба со карцином, упорноста со која го помина буквално целиот свет, барајќи лек за својата душа, Исидора Бјелица почина во станот на своите родители во Белград, напуштајќи го светот со мислата дека душата и е чиста. Последните неколку месеци таа воопшто не беше активна на социјалните мрежи, туку одвреме- навреме се јавуваше со молба за масовна молитва.

Иси, како што ја викаа блиските, го сакаше животот и луѓето, иако поради пречуствителноста многу често беше повредувана, и болката ја носеше како орден на гради. Исправено и горделиво.
Оваа посебна жена, писателка, моден гуру, водителка, колумнистка.., се вгради во животите на армија жени учејќи ги како да бидат свои, храбри и единствени, без да ја загубат женственоста. Беше упорна во се што правеше, и се даваше до коска.
Беше во брак со драматургот Небојша Пајкиќ, а круната на таа љубов се двете деца, Лав и Вила, нејзиниот најголем адут да истрае во борбата со тешка болест. За жал, не успеа во мисијата што подолго да им биде мајка.

Вања Тодоровска

Фото: Фејсбук, Инстаграм

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени

error: Content is protected !!