Никола Богдановски од „Моја фарма“: И работа и љубов

Никола Богдановски е млад фармер од село Кадино, кој со „Моја фарма“ стана своевиден бренд ама и убав пример како добрите навики се вкоренуваат уште од детството. За неколку години, со посветеноста и работата тој успеа да создаде фарма со прасиња, патки, зајчиња, наскоро и кози, кокошки… И за време на летните месеци, кога кај сите активностите се многу помали, Никола спои неколку работи во една цел, да си ја заокружи својата приказна:
– Моментално во нашата фарма имаме 10 мајки маторици од кои годишно вадиме 120 до 200 прасиња- раскажува тој. – Годинава и покрај високите цени на житните култури успеав да набавам, односно да купам и 10 тона жито по многу висока цена од 20 денари за кило…..но ете, и тоа го пребродивме и одиме напред со уште поголема визија.


Никола веќе прави планови за нова година, вели ќе има многу прасиња, а веќе на пролет, на домашна адреса ќе се доставуваат тазе јајца, млеко и козјо сирење…
Така, сонот од детството, голема љубов кон животните прерасна во сериозна работа. И за да сонот биде совршен, потребна е и љубов, па така Никола со својата девојка годинава реши да го посети Египет. Би рекле, сосема нормална работа, по тежок и напорен период заедно да се одморат далеку од дома. Но тоа не беше „обично“ летување.


По 6 години љубов тој на својата сакана и приреди изненадување, запросувајќи ја на египетските плажи, во прекрасен, со сонце полн ден. Се разбира, Анѓела рече „да“, и сега среќата е потполна.
Им посакуваме многу љубов, секогаш да си го чуваат ова највредното. А добра емотивна база е уште поголем мотив за понатамошни работни успеси.

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени

error: Content is protected !!