11.8 C
Skopje
недела, април 27, 2025
spot_img

Хуманитарен настан во Кавадарци. Никој да не е сам за Бадник

Информацијата што ја делиме со вас почитувани читатели е пример за тоа како се сака градот и неговите луѓе, вистински начин на сплотување. Имено, по втор пат, во пресрет на Бадник и Божиќните празници, Општината Кавадарци, во соработка со неколку општествено одговорни компании ќе организира заеднички ручек на Градскиот Плоштад. Сите се добредојдени!
Денот на собирање е Бадник (петок), затоа што никој не треба да е осамен за време на убавите празничи денови.

Сите што минатата година за Бадник биле во Кавадарци, велат дека настанот е навистина голем, бидејќи се прави: од срце- за срце а судејќи по одзивот на луѓето, евидентно е дека ќе стане традиционален.

Агендата е следна: готвачите со големото срце готват во ресторанот „Молкиште“ на 5 јануари (четврток) а храната се дели на Бадник, 6 јануари (петок) .

Инаку, идејата е на шеф Горан Филипов од ресторанот „Моклиште“, еден од најдобрите готвачи, кој заедно со уште неколку познати професионални шефови од Македонија и овој пат со готвењето ќе ја реализираат целта: сите да се среќни за време на овие големи Христијански празници. Имајте бериќет: среќата е уште поголема кога се дели!
Вања Тодоровска

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена