34.8 C
Skopje
недела, јули 13, 2025
spot_img

Нино го промовираше двојниот албум „Стара љубов“: Со песна растев, со песна стареам

„Стара љубов“ е насловот на двојното цеде на кумановскиот боем Нино Величковски, издадено  по повод неговиот јубилеј-35 години песна а беше промовирано вчера во Куманово.  Заедно со многу колеги, новинари, пријатели и семејството се прослави јубилејот песна со Нино, со песни љубов и вино. Поддршка на Нино му дадоа композиторот Миле Барбаровски и текстописецот Огнен Неделковски, со кои тој ја оживува музиката.

-Имам трема, неверојатно е после толку години ама така е. Ќе кажам дека песната е мојот живот, со песна се радував, со песна тагував, со песна растев и со песна стареам, рече тој меѓу другото.

На двојното цеде, со 35 песни, секоја посветена на една година кариера, може да се чујат „Свирете ми тамбури“, „Уште еднаш“, „Не се трпат немири“, „Малку треба“, „Сега е веќе доцна“, „Кажи ми Лено душо“, „Бабино девојче“ и други. Покрај веќе познатите има и две нови со кои ќе настапи на претстојните фестивали „Охрид фест“ и „Лешочки“.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена