Норвешки компир
Потребно е: 250 г сирење, 50 г пармезан, 1 кг компир, 250 г кисела павлака и сол.
Исечето го компирот и варете го во солена вода. Пред да биде сосема сварен, исцедете го, посолете, и половината наредете ја во огноотпорен сад, малку премачкан со масло. Врз него изрендајте сирење, па одозгора наредете ги останатите компири, и залејте со павлака. На крај, посипете со пармезан. Печете уште 30 минути.
фото- delicious meets healthy