16.8 C
Skopje
сабота, април 19, 2025
spot_img

Облека што привлекува успех

Се покажа дека „облекувањето за успех“ е многу повеќе од привлечно мото. Неодамнешните истражувања укажуваат на фактот дека можеби има малку вистина во облекувањето за работата што ја сакате, како што забележува и „Волстрит џурнал“.
Имено, истражувањата покажаа дека убавата облека во канцеларија може да влијае врз начинот на кој ве забележуваат луѓето, колку сигурно се чувствувате, па дури и како можете апстрактно да размислувате.


Во студијата спроведена на Јејл, со која беа опфатени 128 мажи на возраст меѓу 18 и 32 години, истражувачите ги натераа испитаниците да учествуваат во „божемни“ преговори за купување и продавање.
Оние што биле лошо облечени (во тренерки и пластични сандали) во просек постигнале теоретски профит од 680.000 долари, додека групата облечена во костуми во просек остварила 2,1 милиони долари.
Неутрално облечената група имала просечен профит од 1,58 милиони евра.

Според коавторот на студијата, тоа покажува дека лошо облечените учесници често се потпирале на соодветно облечените, а дотераните учесници можеле да ја почувствуваат зголемената почит, попуштајќи помалку отколку што би можеле во друг случај.
Во друга студија, дотераните учесници биле со поголема веројатност да се вклучат во пошироко размислување, како на пример, извршен директор, додека оние помалку дотерани се занимавале со ситни детали.
„Луѓето што носат убава средена облека се чувствуваат помоќно“, изјави Мајкл Л. Слепијан, коавтор на студијата и хонорарен асистент на Бизнис-школата во Колумбија за „Волстрит џурнал“. „Кога се чувствувате помоќно, не мора да се фокусирате на деталите“.
Како овој совет се вклопува во вашиот секојдневен стил? Во денешниот неформален кодекс на облекување за во канцеларија, убавото облекување може да има уште поголем ефект.
Но, за облекување на работа бидете сигурни дека треба да следите „плус или минус, едно правило“.


На пример, ако поголемиот број на луѓе во канцеларија носат закопчани кошули, можеби ќе сакате да облечете сако. Ако повеќето луѓе носат сакоа, можеби ќе сакате да облечете костум. И така натаму.
Само не дотерувајте се повеќе од вашиот шеф.
Тоа,  може да ви создаде проблеми.

Фото/ Pexsels, Schulz Business

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена