14.8 C
Skopje
вторник, април 29, 2025
spot_img

Овошје како лек

Грозје


Грозјето на трпезата пристигнува свежо, полно со хранливи материи, најнапред оксиданси но и минерали. Бидејќи има диуретско и лаксативно дејство, грозјето е идеално за вита става а, храната што изобилува со грозје го намалува стресот. Антоцијани, типични за црното грозје, се полифеноли што им ја даваат бојата на плодовите. Тие се наоѓаат во мала количина и во лушпата од доматот, сливите и боровинките. Тоа се силни антиоксиданси што се заслужни за добро функционирање на срцето. Ги има и во црното вино особено во она што има појака боја. Другиот антиоксиданс се вика ресвератрол и него го има во мали количини во белото вино. Тој дејствува на притисокот и на циркулацијата на крвта. Третиот антиоксиданс во грозјето е витаминот Ц, кој е важна состојка во секојдневната исхрана.


Праска
Содржи голем процент на вода, и мала енергетска вредност- во 100 грама праски има 38 калории. Освен тоа, изобилува со бета каротен, витамини Ц и витамин Б. Енергетска вредност на ова овошје потекнува воглавно од јаглено хидрати, па затоа не им се препорачува на дијабетичарите. Поради целулоза што ја има ја содржи, потешко е варлива, и неизлупена не им се препорачува на луѓето кои боледуваат од желудечни и заболувања на жолчка. Што се однесува до минералите, содржи калиум и натриум, и е извонреден диуретик. Праските се добри за висок крвен притисок, помагаат кај лошо варење, кашлање, камен во бешика, срчани пречки, рак, анемија и апстипација. Праска е корисна и за слезина.

Лубеница
Иако ја третираат како зеленчук, ние поради вкусот ја ставивме во овошјата. Лубеницата содржи најмногу вода и има активна супстанција, која ги ублажува воспалените делови и може да помогне во спречувањето на астма, атеросклероза, шеќерна болест, дебелото црево и артритис. Слатката и сочна лубеница е ризница на најважните природни антиоксинанси, извор е на витамин Ц и прилично добар извор на витамин А, кој, во лубеницата, главно, е присутен во облик на бетакаротин. Црвената боја потекнува од растителните пигменти, од кои најголемо внимание привлекува ликопенот. Истражувањата кажуваат дека по редовните консумирања сок од лубеница, уште по три недели драстично го зголемуваат нивото на антиоксидансите бетакаротин и ликопен во крвта. Најзастапени минерали се калиум, калциум, магнезиум, фосфор, железо и цинк.


Диња
Ова е нискокалорично овошје кое содржи само 24к кал во 100 грама, па затоа и се препорачува кај редукциона диета. Освен тоа содржи околу 2000 микрограма на бета каротин (провитамин А) во 100 грама овошје, кое е чувар на умунитетот и е добар акако антиканцерогена материја. Диња има малку од витаминот Б како и витамин Ц.Освен тоа во диња има калиум, фосфор, магнезиум и калциум. Диња е извонреден диуретик па им се прапорачува на особи што имаат потешкотии со излучување на течности од организмот.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена