ОВОШЈЕ НА СКАРА
Времето е како создадено за скара, но овој пат ви предлагаме да скршнето од предвиденото, стандардното мени – месо и зеленчук, и да направите вкусен и здрав оброк. Главната состојка за августовската скара нека ви биде овошје, а за да се биде како што треба ви даваме неколку важни совети.
-Одберете зрело овошје, но да биде доволно цврсто за да си ја задржи формата за време на печењето.
-Пред да почнете со скара, овошјето нека отстои во вода барем 15 минути за да остане сочно и да има повеќе сок. Ова особено се однесува на праски, нектарини и кајсии. Во водата можете да ги ставите омилените мирудии- на пример за праски- цимет, морско оревче или кокосово брашно.
– Овошјето премачкајте го со путер и наросете со кафеав шеќер за да се карамелизира. Внимавајте со шеќерот, за да не ви загори.
-Доколку овошјето ќе го комбинирате со сирење, најдобро е да го премачкате со маслиново масло. Во сите други случаеви користете путер.
фото- Jessica Levinson, Pixabay