14.8 C
Skopje
вторник, април 29, 2025
spot_img

Ограбен фолк пејачот Горан Тодоровски

Завчера во Битола бил ограбен автомобилот на фолк пејачот Горан Тодоровски. Тој во Битола бил гостин на концертот на неговата колешка Татјана Лазаревска  и кога по настапот во два часот по полноќ  тргнал за Скопје на паркингот до базенот „Император“ забележал дека раткапните од сите четири тркала му биле украдени.

-Се изнервирав, но бидејќи беше многу доцна и се брзав за Скопје, утредента бев на работа, немав време да пријавувам во полиција. Да останев да спијам во Битола утредента можеби ќе си ги купев моите раткапни на некој пазар за поевтини пари, но ете, проблемот си го решив  поинаку,  во Скопје си купив нови, вели Горан.

Патувањето во Битола Горан не само што ќе го памети по кражбата, туку и по нешто сосема друго, на кој како долгогодишен возач прв пат му се случува.

-Јас ја избегнав полицијата, но таа не ме избегна мене. На излез од Битола ме стопираа. Јас толку години сум по патиштата и кога станува збор за алкохолот многу внимавам, ама никогаш кога и да ме сопрела полиција не сум дувал. Но, ете имало прв пат.  Неколку пати се обидував да дувам како треба и едвај успеав. Полицаецот  гордо ми покажа дека е нула промили. „Браво, така треба кога се вози“ ми рече тој. На цел ден пиење минерална вода немаше што да покаже, вели Горан. (В.М.)

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена