14.8 C
Skopje
понеделник, ноември 17, 2025
spot_img

Она што не ме убива, ме прави посилен

Се чини дека не е потребно секогаш да се гледа на животот од неговата позитивна страна, бидејќи според анализите и депресијата е добра за човекот. Сетете се само на реченицата на Ниче – она што не ме убива, ме прави посилен“, и се ќе ви биде јасно.
Научниците тврдат дека лекувањето на депресијата како болест не дозволува да се прифати и лошата страна на човекот и со тоа во втор план се става мотивацијата за подобрување на навиките кај секого. Но, сепак во сето тоа има и нешто позитивно.
Чувството на тага и меланхолија може да не направи посилни и да ни помогне да се носиме со животните предизвици што секогаш на крајот водат кон голем успех.


Научниците предупредуваат дека денешното општество повеќе од кога и да е, ја почитува личната среќа и многу е низок прагот на толеранција на оние кои се жалат дека го изгубиле работното место, ја прекинале својата долгогодишна љубовна или брачна врска, или изгубиле сакана личност.
Исто така, се поголем е бројот на психијатрите кои го испитуваат начинот на лекување од депресијата, кое во ниту еден случај не треба да значи и предозирање со таблети.
Депресијата не е модерна болест, бидејќи луѓето се соочувале со неа уште многу поодамна, но сепак нејзиното дејствување се гледа во обидот да се заштити организмот од стрес, страв или тага.
Фото- Pexels

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена