Ориз со тиква, макарони и пармезан

Потребно е: 1 филџан ориз, путер, неколку парчиња варена тиква, филџан макарони, малку бело вино и пармезан.

Оризот се пропржува на путер, се додаваат макарони, тиква и малку вино. Потоа се става топла вода (1:3), малку пармезан и се вари 15 минути.

За да состојките се сооединат, смесата се остава да отстои уште 15 минути. При сервирањето, оризот богато се попрскува со пармезан, а рукола е задолжителна поради надополнување на вкусовите.

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени