Освежително. Коктели со ананас

Ананас со мразулци
Потребни состојки: 50 г ананас од конзерва, 50 г ликер, 2 лажици шеќер, 1 лажица здробен мраз.
Исечкајте го ананасот, додадете здробен мраз, ликер и шеќер. Изматете добро (подобро е да го направите тоа во шејкер). Пожелно е коктелот да се послужи веднаш, добро разладен.

Рум со ананас
Подготовка:
– 90 мл. бел рум,
– 2 парчиња свеж ананас,
– 6 коцки мраз.
Сите состојки се ставаат во блендер. По неколку секунди миксирање се сервираат во чаша за мартини, која се украсува со тркалезно парче ананас.

Асторија
Потребни состојки: 80 мл млеко, 5 лажици сок од ананас, 2 лажици лимонов сок, 1 лажица инстант-кафе, 2 лажици здробен мраз.
Сите состојки мешајте ги со најголема брзина 30 секунди. Послужете го коктелот во соодветни чаши и декорирајте со чоколадни трошки.

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени

error: Content is protected !!