0.8 C
Skopje
недела, февруари 9, 2025
spot_img

Осмомартовски деликатеси

Би сакала денеска со сите мои пријателки, другарки, сестри по размислување, со сите умни и самосвесни жени, да се напијам кафе. Да си честитаме на храброста што ги издржавме сите бранувања и да си посакаме мирен лет во деновите што доаѓаат.
Наместо кафе, во новата нормалност јас и моите пријателки си разменуваме духовити пораки со родова доминација, цело утро „цврчори“ месинџер и вибер, со радосните звуци што ми измамуваат насмевка.

Да, денеска се слави. Секој на свој начин – некои жени си дозволија продолжен викенд, некои уште од петокот имаат исфенирани коси, а некои закажаа ручек со пријателки. Не е како пред пандемијата, со свадбарски менија и палави „оровотки“ , денес е посебно, се чувствува нешто во воздухот, многу убавина и копнеж струи над планетата. И сеедно дали го признавате или не денот, празникот на жената постои и денес, без грижа на совест, направете си некој мерак, дозволете си некој ќеф, убавина. Еве за почеток, засладете се со некој осмомартовски деликатес, сеедно од чија кујна е.

Сите знаеме дека жените најубаво „виреат“ кога се сакани и кога љубат. За поголемиот дел од нас, љубовта е природен лифтинг, успешна борба со гравитација и волшебен крем што ги пегла брчките. Вљубената и саканата жена се „намирисува“ на километар, едноставно тогаш сме најубави, најпожелни, најнежни.
Е па во тоа име, прекрасни мои распролетани, блеснете со се запишано во насмевката што денес несебично ќе ја делите.

Вања Тодоровска
Фото- Pixabay

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена