16.8 C
Skopje
сабота, април 19, 2025
spot_img

Офелија Гаџевска – Садек : Ме смени животот во Каиро

Офелија Гаџевска-Садек во своето CV го има искуството како пејачка, стујардеса, професорка, а денеска е нашата најпопуларна извествачка од Каиро, земја каде и се случи љубов, мајчинството, ама и нејзино созревање како човек.

Кога отиде во Каиро, во сосема нова средина и култура, во многуте напливи на носталгија и копнеж по дома, ја истестира љубовта на илјада начини. Се сеќаваш ли на тие години?
– Во септември 1994 година, го сретнав Џон во авионот на ’Македонски авиотранспорт‘ и бидејќи бев стјуардеса, тој беше египетскиот принц со бел авион. Е тој мој Џон успеа за 40 дена да ме „совлада“ со својата интелегенција, грижа, убави зборови, по кои Египќаните се познати. По свадбата во Скопје, се најдов во Египет, земјата на фараоните, египетската цивилизација, пирамидите. Фамилијата на Џон се трудеше да ми помогне да се приспособам, по шокот што го имав кога дојдов во Каиро. Не, не е како Истанбул што го обожавам. Свекрва ми, вистинска паметна арапска жена, многу брзо научи дека не може со мене како со другата снаа од Јордан, знаеше дека клучот за среќата на нејзиниот син и неговиот живот е во моите раце, па навистина брзо ме придоби со својата добрина. Инаку, Џон и е најобожаван и најсакан од сите деца, а синот во арапскиот свет е посебно привилегиран, затоа што тој целиот свој живот се грижи за мајката.

Со напливот на турските серии кај нас повеќе се запознавме со исламскиот начин на живеење. По толку време, се чувствуваш ли како Египќанка?
– Тие се поинакви од нас скоро во се. Знам, неубаво звучи кога луѓето ме прашуваат дали се чувствувам како Египќанка, а јас им одговарам – не, никогаш. Не го велам тоа со злоба или од непочитување, но тоа е она што ме одржува да бидам своја и да не подлегнам под никакви притисоци во однос на домашните, релациите:маж, жена, снаа, свекрва, млади-стари, религиозни и културни односи, целиот овој поинаков склоп на односи, толку чуден и поинаков за нас. Верувам дека во Македонија со напливот на турските серии луѓето се запознаваат со исламскиот начин на живеење. Дали нешто ме сменило? Сум станала повеќе „манипулативна“, затоа што тоа е единствен начин да го добиеш она што го сакаш. Научив дека отворено и директно во секое време нема и не може, за да дојдеш до нешто треба да тактизираш, да одбереш момент, време и расположение. Но, и ден-денес, свекрва ми кога треба некој во фамилијата да се соочи со ’вистината‘, ме праќа мене како нејзин гласноговорник.

Сите на куп: Џон, Грејс, Офелија и Емили 

Уште ли важи правилото за жената, дека станува почитувана откако ќе стане мајка?
– Така е, жената ја добива славата откако ќе стане мајка, со тоа колку деца ќе има и нејзиното место според исламот е по Алахот. Да се биде мајка на Денот на мајката е супер. Не знаеш од која страна ти пристигнуваат подароци. Патем, арапските жени добиваат пет пати злато во годината, за Денот на жената, роденден, годишница на брак и два религиозни празника, исламски и христијански. А злато се подарува затоа што таа не наследува ништо, законите не се во корист на жената, па затоа секоја собира злато за да и се најде во староста. Положбата на арапските жени не е како што се мисли во западниот свет, затворена е, без идентитет, но и со поинаков начинот на однесување. Мене ми е товар тоа што односите со луѓето имаат повеќе форма отколку содржина. Се кажува тоа што треба да се каже, а не што се мисли. Куртуазијата е на високо ниво, посебно во повисоките класи, и формата е уште поизразена и тоа многу заморува. .. Но, за моја среќа, Џон е христијанин и многу добро ја научи вредноста на македонската жена, посебно вредноста, истрајноста, искреноста и партнерството во брачната заедница. Најинтересно ми беше кога им препорачуваше на своите колеги и другари да се женат со Македонки, и единствената ’опасност‘ и предупредувањето го врза за темпераментот и остриот јазик.

Во каков дух растат вашите ќерки?
– Нашите две ќерки Емили Џон и Грејс Џон се прекрасни девојки кои растат и созреваат во египетски дух. Ова посебно важи за Емили, која се чувствува како Египќанка, а помалата Грејс едвај чека да дојде во Скопје и по карактер ги носи моите гени. Џон вели има правдина – една е моја, а една е негова! Ќерките зборуваат арапски, македонски, англиски и француски, љубопитни се, отворени и полни со емпатија, каде и да се. (Вања Тодоровска)

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена