3.8 C
Skopje
четврток, јануари 22, 2026
spot_img

„Охрид-фест“ продолжува со Поп-вечер а утре со големото финале: Интернационална вечер

Вечерва „Охрид-фест“, продолжува со избор за најдобра поп –композиција. На оваа вечер 18 нови песни од македонски автори ќе исполнат- Симеон Коруноски , Горан Наумовски, дует Чоки, Жармена, Денис Димоски, трио „Џентлменс“, Лени Партикова, Огнен Здравковски, Зои Блаж , Пепа Димовска, Филип Јордановски, Лена… Во паузата од фестивалот свој рецитал од песни за љубовта, создадени од авторите Александар Митевски и Григор Копров , ќе има познатиот бизнисмен и љубител на музиката, Трифун Костовски.
Со голем интерес се очекува утрешната Интернационална вечер на која покрај наградените песни од Поп вечерта во борбата за награди ќе учествуваат и познати пејачи од Балканските земји Пантелис Кастанидис (Грција), групите „Балканика“ (Србија) и „Колонија“ (Хрватска) , Ален Исламовиќ (БиХ), Дарија Швајгер (Словенија), Дениса Мерсини (Албанија), Божидара Симеонова (Бугарија)….
Водители на поп и интернационалната вечер ќе бидат Марјана Станојковска и Васил Зафирчев.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена