Панчо и Андреј, вечер од 21ч. во живо: Биди кул, седи дома

Момците од ДНК решија да подготват мало изненадување и да ни го направат на сите поинтересно седењето дома.
„Здраво, здраво добри луѓе- со оглед на актуелната ситуацијата со корона вирусот знаеме дека на сите вам/нам ни е многу досадно. За таа цел заедно со нашиот бенд решивме да ве изненадиме, а воедно и да ви го направиме поинтересен домашниот престој… Денес, понеделник со почеток во 21 часот ќе направиме LIVE STREAM (видео/аудио) концерт од едукативно-забавен карактер и, пред сè, во домашен амбиент, се со цел да ја подигнеме свеста на нашите сограѓани за тоа дека е најбитно во ова време да се #ОСТАНЕ_ДОМА. Ќе се дружиме интерактивно ќе #ШИЗИМЕ_И_ПЕЕМЕ_ПО_ДОМА, а вие изолирајте се, следете ги препораките од Министерството за здравство и напишете ни која песна сакате да ја слушнете од репертоарот на ДНК“, велат Панчо и Андреј.
П.С.: ПИЈАЧКАТА НА СИТЕ ЌЕ ВИ БИДЕ ОД КУЌАТА
За реализација на овој проект упатуваме огромна благодарност до Стојан Стојановски, 2С Студио, LiveStream.mk, Оливер Петровски и Backline Rental Скопје, Македонија.

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени

error: Content is protected !!