12.8 C
Skopje
вторник, април 22, 2025
spot_img

Патолошката љубомора не е шега

Љубомората не е чувство со кое треба да се гордееме, а пак, патолошката љубомора е повеќе од тоа. Може да биде многу опасно да се  биде во врска со таков партнер, и затоа не е лошо да знаете како да ја препознаете на време и како да се справите со  посесивноста на вашиот партнер.

Што ја чини патолошката љубомора толку опасна? Овие личности бараат докази таму каде што ги нема, а ова може психички, а понекогаш и физички да го измалтретира партнерот.  Патолошката љубомора е позната како синдром на Отело. Ова пореметување го добило името по Шекспировата трагедија „Отело”, во која главниот лик, поради љубомора, на крајот од приказната ја задушува својата љубовница Дездемона.

Луѓето кои се патолошки љубоморни се преоптоварени со мислата дали нивниот партнер ги изневерува. Од таа причина патолошката љубомора ја правдаат со, наводно, преголемата  љубов кон својот партнер.  Но, повеќе од јасно е дека тука не станува збор за љубов, туку за  посесивост и сериозно пореметување кое воопшто не е за занемарување.

Патолошката љубомората со овој интензитет е сериозно психолошко нарушување, кое врската може да ја претвори во вистински пекол. Тоа е сериозна дијагноза, иста каква  што е и шизофренијата. Живот со таков партнер може да биде полош од животот во затвор,  бидејки покрај изолацијата вклучува и психичка тортура, која бара константно да измислуваш причини и оправдувања за секојдневните работи.

Патолошката љубомора не е сокриена,  многу  е јасна и, меѓу другото, ќе ја препознаете по следните знаци- кога партнерот често ве обвинува за  неверство, ви  го проверува телефонот, не ви дозволува да се дружите со вашите стари пријатели и полека, но сигурно почнува да ве изолира од луѓето. Ако се обидете да се браните, својот болен однос го крие така што тврди дека имате  љубовник (ца). Негира љубомора и го негира фактот дека има проблем. Понекогаш ја признава љубомората и се извинува, плаче, но, нештата се повторуваат.  Лаже дека сето тоа го прави само затоа што ве сака.

Сето ова е всушност психолошко насилство и доколку на време не го препознаете и не го решите овој проблем, можете да му наштетите и на вашето здравје.  Патолошката љубомора оди во пакет со други психолошки нарушувања на личноста.  Овој тип на луѓе  во очите на другите можат да бидат  друштвени и шармантни, но во врската се вистински чудовишта и енергетски вампири кои се подготвени да ве дотолчат.

Да се ​​биде во врска со лице кое е болно љубоморно воопшто не е лесно.  Таквите врски можат да бидат опасни, насилни и фатални и најдобар совет е да се побегне од нив.

Фото: standard.co.me

Патолошката љубомора е нарушување кое бара лекување од стручно лице и ќе ви биде тешко самите да се справите со  тоа. Ако и покрај се решите да останете во врска, тогаш стручна помош ќе ви биде потребна и вам. Со време оваа врска  ќе ја поткопа и вашата самодоверба  и ќе остави  трајни последици врз вашиот емотивен живот. Што побрзо треба да се освестите дека тука не постои љубов, бидејќи љубовта не е себична и нарцисоидна.

Бидејќи патолошката љубомора е ментална болест,  и можеме да ја наречеме – рак на љубовта. Како што ракот пушта метастази така и болната љубомора  се шири и ја исцрпува љубовта, довербата, толеранцијата, а тоа воопшто не е наивно. Многу често, крајниот резултат на таквата  врска е фатален, затоа е важно со време да ја препознаете иако партнерот вешто ќе се крие и ќе вели дека ве сака, дека тоа го прави од љубов… Но, наш совет е што побрзо да избегате од ваков партнер.

Извор: minutzamene.com

Фото- Urbanstandard.rs

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена