Пенка Мукаетова: Одмори што се паметат

Летото 2020-то, во времето на пандемијата, многу е поразлично од претходните, но не е помалку динамично. Луѓе, големи сонувачи, а истовремено и страсни патувачи, во кои се вбројувам и јас, и во новите услови знаат да си направат план и да ги истражат најинтересните места во нашата убава земја.
Одвреме навреме ги разгледувам старите добри фотографии, ланските дестинации кои ми оставиле силен печат и ми ја топлат душата со секое гледање.


Минатогодишното крстарење по Медитеранот гo започнавме со неколку дена во Рим, се качивме на бродот MSC DIVINA, од пристаништето Civitavecchia, во близина на вечниот град и ден по ден, ги посетивме Сицилија, Сардинија, Палма Де Мајорка, Валенсија, Марсеј, Џенова…


Тоа беше поинакво патување, незаборавно искуство, шаренолкост од мириси, вкусови, култура, преубава храна за сладокусците, нестварна убавина, секоја на свој начин доживеана. Кога ќе ми се вратат сликите од сиот тој раскош од архитектура, гастрономија, луѓе.., знам дека ќе го паметам цел живот.


Како голем љубител на островскиот туризам, сонувам за диви плажи, неоткриени и недоволно истражени места, синилото и длабочината на морето, радоста која ми ја буди изгрејсонцето и шепотот на прекрасните зајдисонца.


Многу ги сакам големите метрополи и тоа во сите годишни времиња, на кои со задоволство им се вракам секогаш. Го паметам патувањето во Египет со сета негова мистика и раскош, и одморите во Турција, која е алфа и омега за туризам и гостопримство. Исто толку ги сакам и одморите во зима и дефинитивно незаменливиот Копаоник, кој што со душа го чекам секоја година.
Најсвежо и најзапаметено ќе остане последното предновогодишно патување во Виена, како незаборавна бајка.


Пандемијата ми го одложи патувањето за Велигден на Тенерифе, како и посетата на Соединетите Американски држави. Си велам, ништо не е изгубено, се додека сме во добро здравје и со нашите сакани.
Вистинската работа што можеме да ја направиме сега е, со ист таков жар да ги истражиме нашите убави предели и да создадеме спомени вредни за паметење.

7дена.мк

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени

error: Content is protected !!