Петар Костовски, државен првак во пинг- понг стана манакен

Петар Костовски, најуспешниот државен првак во пинг понг, неодамна стана дел од модната агенција Models IN. Одличен удар!
Инаку, Петар е предаден на спортот уште од детството – првиот медал го освојува на 8 години, а ги има ловориките и во државното првенство за сениори, како најмлад во историјата на Македонскиот пинг-понг. – Заради добрата форма и кондиција како и сите врвни спортисти, Петар многу вложува во себе преку напорни тренинзи и припреми. Би било супер моделите да бидат посветени и истрајни како Петар, вели модниот агент Алек Наумовски. – Кога некој е во одлична форма и притоа добро изгледа нам ни е предизвик да работиме и да постигнеме заеднички успех во моделингот. Во тек се подготовките на Петар за светското првенство во Будимпешта, Унгарија , а потоа ќе може да се посвети на модните ангажмани кои му се нудат.“

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени