5.8 C
Skopje
недела, февруари 16, 2025
spot_img

Пет Евровизиски мита


Мит број 1. Никој не гледа Евровизија а сите коментираат

Велите, Евровизија е купиште од сомнително талентирани трансвестити, кои изведуваат изветреан поп, кој е сепак над нивните скромни можности. Да не постоеше Евровизија, авторите на инфантилните песничиња не би имале терен да го прикажат сиот раскош на својата просечност.
Меѓутоа, и тоа хејтерско гледање на нештата не објаснува зошто Евровизијата има статус на телевизиски спектакл, и зошто собира милионска публика ширум светот.
Луѓето веќе 65 години го следат овој настан а годинава бројката изнесува 180 милиони луѓе. Да немаше логика, немаше да трае толку долго.



Мит број 2. За се е виновен изведувачот

Секој што досега не преставувал на ова евровизиско шоу, се намачил и со испраќањата, и со очекувањата, конкуренцијата. Не беше никогаш розово, иако знаеме дека Евровизија е пред се- политика
Имаме една голема радост со Тамара: 8. место на Евровизија 2019 со „Proud“, ама и тогаш имаше незадоволни коментатори. Тоше Проески (2004, Истанбул), Мартин Вучиќ (2005, Киев), Елена Ристевска ( 2006, Атина), Каролина Гочева ( 2007, Хелсинки), Калиопи (2012, Баку)…, пред себе имаа многу потешка задача и во однос на квантитет и во однос на квалитетот. Кога пред 17 години во Турција за првпат се воведе евровизиското полуфинале Тоше имаше конкуренција од 22 песни, Мартин отиде во Украина како државен непријател ама се избори со 25 композиции, додека Каролина во Финска дожививеа своевидна кулминација, „борејќи“ се со 27 композиции. Тоа беше година со најголем број на земји учеснички(42) кои го испочитуваа овој фестивал.
Не го фрлајте целиот гнев врз изведувачот. Лобирањето на организаторот треба да трае цела година.

Мит број 3. Најважен е сценскиот настап

Тука само ќе ја споменам Лорин на сцената, претставничка на Шведска која сo „Еуфорија“победи во 2012, без луди костими, гумени танчери и луцидни кореографии, перформанси што се раскажуваат. Рака на срце, се погореспомнато влијае врз преставување на песната, ама не е пресудно. Самата композиција навистина е многу важна.

Мит број 4. Геј манифестација

Кога ќе го разберете светот како глобално село, шареноликоста на луѓето, на музиката, стиловите, кога ќе се слушате и гледате без предрасуди, ќе уживате во француски блуз, италијански рок, руски поп…Кога ќе се отворите за новите работи и несовршености, кога ќе имате разбирање за „машкуданки“, феминизирани момчиња, кога нема да ги осудувате и пцуете, е тогаш навистина ќе уживате.

Мит број 5. Комшиско делење на гласови
Да, сведоци сме дека Грција и Кипар секогаш си прават „на ти-дај ми“, но тоа го има и меѓу другите земји на Балканот, меѓу Скандинавците.., ама тие гласови се неважни за победникот. Во спротивно, секога година ќе победуваше истата земја.

Вања Тодоровска
фото- принтскрин јутјуб

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена