Консултантот за ментално здравје Шарлот Вајсман открива пет начини како да бидеме ментално поспремни за секојдневните предизвици.
Запишете ги работите на кои сте им благодарни
Многу лесно се губиме во секојдневните обврски, сконцентрирани сме на работите што треба да ги завршиме или на оние што не сме успеале да ги завршиме. Тоа не спречува да ги видиме позитивните работи во животот. За да бидете посреќни, нека ви текне на три работи на кои сте благодарни. Работите што ве расположиле запишете ги подетално. Имајте на ум дека ништо не е премногу ситно – кров над глава, случајна насмевка од минувач, кафе со пријателка… Сите имаме по нешто на што би биле благодарни, само треба да се потсетиме на тоа.
Бидете во контакт со другите
Студиите покажале дека изолираноста влијае врз нашата благосостојба. Недостатокот на контакт со други луѓе предизвикува проблеми со спиењето, го зголемува стресот наутро, го зголемува ризикот од депресија и го намалува чувството на среќа. Осаменоста претставува ризик за менталното здравје исто колку и пушењето. Затоа контактирајте со луѓето, ако немате време да се сретнете со нив, јавете им се, не им пишувајте пораки.
Истегнете се
Истегнувањето е многу важна рутина која секој треба да ја практикува. Кратките вежби за истегнување го намалуваат стресот, го спречуваат падот на енергијата, помагаат при варењето, поубаво се спие а го чувате и здравјето на зглобовите. Не мора тоа да бидат некакви комплицирани вежби, едноставно истегнување на рацете над глава или кружење со колковите.
Ставете му гориво на мозокот
Луѓето имаат различни причини за да се хранат поздраво- за да вежбите дадат подобар резултат, за да ослабат, да го подобрат варењето, но ретко кој размислува за храната како гориво за мозокот. Исхраната богата со сложени јаглехидрати (житарки, зеленчук), здрави масти (ореви, риба), аминокиселини (јајца, мисиркино месо, банани) е многу важна за менталната состојба.
Работете на својата совест
Тренирајте се себеси да бидете навистина присутни во секој момент на сегашноста, наместо да размислувате за минатото или иднината. На тој начин ќе го намалите стресот, ќе ја подобрите вештината во решавање на проблемот, ќе го зајакнете имунитетот, подобро ќе спиете и ќе бидете поздрави и посреќни. За почеток, доволно е да одвоите три минути, да седнете и да ги затворите очите. Сконцентрирајте се на дишењето толку многу за да го почувствувате. Кога мислите ќе ви одлетаат, обрнете внимание на тоа каде одлетале. Потоа повторно сконцентрирајте се на дишењето. Правете го тоа три минути а потоа продолжете си го денот.
Извор: mondo.ba