16.8 C
Skopje
сабота, април 19, 2025
spot_img

Печени кременадли

Потребно е: 5 кременадли, една главица кромид, пет чешни лук, една говедска коцка за супа, пола литри врела вода, 1 децилитар бело вино, масло, брашно, сол, бибер, ловоров лист.

Подготовка: Тргнете ги коските од кременадлите, измијте ги , истенчете ги со чекан, и зачинете г со сол и бибер. Прпелкајте ги во сад со брашно, па испржете ги додека не поруменат. Кога ќе ги испржите, ставете ги во огноотпорен сад, напрскајте ги со масло и преку нив ставете неколку ловорови ливчиња.  Во тавата кај што сте ги пржеле кременадлите ставете го сецканиот кромид, лукот и 3-4 лажици  брашно.  Во пола литри врела вода разматете ја коцката за супа а тоа додадете го во тавата и малку промешајте додека да се згусне.  Со ова прелијте ги кременадлите, додајте малку вино и поклопете го садот со фолија. Печете околу 45 минути на 180 степени. Пред крај тргнете ја фолијата и печете ги уште 10 минути.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена