Печени лигњи со компир
Потребно е: 800 грама лигњи, 50 грама компир, 1 кромид, 2-3 чешниња лук, 50 милилитри маслиново масло, 100 милилитри бело вино, 100 грама маслинки, 1лажичка рузмарин, 1 лажичка сушен зеленчук.
Подготовка: Лигњите очистете ги, измијте и просушите со хартија. Компирот излупете го, а кромидот нарежете на четвртини. Во сад за печење ставете го компирот, лигњите, кромидот ситно исецканиот лук и рузмарин, па посолете со сушен зеленчук. Додајте го маслото, маслинките, се добро промешајте и ставете во садот за печење.
Садот пректијте го со алуминиумска фолија и печете околу 30 минути во загреана рерна на 200 степени. Потоа тргнете ја фолијата, додајте го виното и печете уште пет минути.
Фото и текст: zena.blic.rs