Потребно е: 1 јагнешко бутче ( околу 1 кг), 500 г. компир, 2 чешниња лук, 1 гранче рузмарин, 50 г. месна чадена сланина, масло, бело вино, сол, црн пипер.
Излупете го лукот и исечете го на резанчиња. Одвојте ги гранчињата рузмарин, а сланината исечете ја на стапчиња. На подготвеното месо, со тенок нож засечете на површина, и во тие прорези ставете ја сланината, рузмаринот и лукот. Посолете и зачинете со црн пипер. Во плехот загрејте 4 лажици масло и на висока температура пропржете го бутчето, така што од сите страни ќе добие боја. Додајте го другото гранче рузмарин и печете 20 минути во загреана релна. Излупете и измијте компир, распоредете го околу бутчето и печете уште 30 минути.
Фото- C A F E- Jackie Ourman