16.8 C
Skopje
сабота, април 19, 2025
spot_img

Пејачката Зои и ракометарот Тадеј на крстарење по Јадран: Добро утро сонце

Пејачката Зои Блаж и ракометарот на „Металург“,  Тадеј Матијашиќ  скоро еден месец се на  крстарење по Јадранското Море.  Љубовната двојка прво замина за Изола,Словенија,  од кај што потекнува Тадеј, а потоа решија одморот да го поминуваат така што секој ден ќе одат на  различни места.

-Се подразбира Изола, кај семејството на Тадеј, но бевме  Пиран, Порторож, Копер, вчера Трст а од утре ќе се спуштиме на Хрватското приморје.  Секој ден ни е различен. Ако не одиме во некој град, тогаш јас или одмарам или одам на шопинг а Тадеј или на пливање, вежбање или вози велосипед. Кога како ќе ни е ќејф. Најубав момент ни е кога денот ќе заврши и вечерта ќе седнеме да си ги собереме впечатоците, кај се сме биле дента и како сме си поминале. Наутро се будиме со- Добро утро сонце,  и правиме план кој град да го фатиме, вели Зои.

Зои и Тадеј  уште две недели ќе одмараат на Јадранот а потоа се враќаат во Скопје на редовните обврски.

– Јас веќе имам закажани обврски а на Тадеј му почнуваат подготовките со клубот.  Иако покус од лани, сепак, си поминавме еден месец незаборавно. Ги наполнивме батериите и двајцата. Се враќаме на професиите. Но,  во Скопје не очекува уште еден убав момент. На 21 идниот месец ќе прославиме две години од нашата љубов. И двајцата се чудиме како времето брзо лета, вели пејачката. (В.М.)

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена