Потребни состојки: 6 јајца, зелка (ситно сечкана околу 300 гр), 1 целер, 2 пиперки, 200 гр. кашкавал, 200 гр. мајонез, кромид, сол и црн пипер.
Откако јајцата ќе се сварат, тргнете ги од оган и оставете ги да се изладат. Потоа ситно исецкајте го целерот и кромидот, додадете ја зелката а кашкавалот изрендајте го од ситната страна на рендето и промешајте. Исецкајте ги пиперките на ситни коцкички и додадете во смесата. Јајцата изрендајте ги, помешајте, додадете сол, балсамико, наросете со црн пипер, и на крај додаете го мајонез или павлака.
фото – pexsels