14.8 C
Skopje
вторник, април 29, 2025
spot_img

Пикантна скуша со лук

Потребно е: 4 исчистени скуши, 2 лажички сенф, 10 чешниња лук, половина лимон, 2 дл бело вино, 1 китка магдонос, 1 лажиче сув рузмарин, 3 лажици маслиново масло, сол, црн пипер.
Рибата наредете ја во тавче. Посолете, сипете црн пипер и премачкајте со маслиново масло. Во меѓувреме направете го филот: во посебен сад измешајте сенф, магдонос, рузмарин, маслиново масло, иситнет лук, црн пипер и сок од лимон. Наполнете ја скушата со оваа смеса, а може да ја затворите со чепкалки. Помешајте го белото вино со малку лимон, и полијте ги рибите. Одозгора ставете фолија. Загрејте ја рерната на 200 степени. Печете ги скушите 15-20 мин. додека не омекнат, па потоа тргнете ја фолијата и печете уште 15-20 мин. се` додека не поруменат.
Фото- Наташа Кривошеев

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена