Пилешка салата со кикиритки

Потребно е: половина килограм пилешко бело месо, 150 г печени кикиритки, 100 г сусам, кисела павлака, морков, неколку ливчиња босилек и сол.
Сварете го белото месо и исечете го на тенки стапчиња. Кикиритките ставете ги во чиста крпа и иситнете ги. Пропржете го сусамот да добие златножолта боја. Измешајте го ренданиот морков со кисела павлака и додадете ги преостанатите состојки. По желба посолете, ставете неколку ливчиња босилек и пред да послужите, оставете ја салатата да отстои еден час во фрижидер.
Фото- dishmaps.com

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени